На денешната прес конференција, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети на проектот Чебрен и Галиште како проект кој актуелната власт додека беше опозција го промовираше кога тие ќе дошле во Владата ќе го реализирале.
Ќе ве потсетам дека во 2016-тата година министерството за животна средина имаше распишано тендер за избор на оптимално техничко решение по должината на реката Црна од највисоката до најниската долна кота, на која што инвеститорите им беше оставено слобода да проектираат, а потоа доколку бидат избрани и изведат техничко решение хидроцентрали како што тие мислат дека оптимално е најдобро.Но затоа во програмата и најголемата политичка лага наречена „Живот за Македонија“ стручњаците и експертите на СДСМ предвиделе изградба на Чербен и Галиште така што ќе ја подобреле физибилноста и со сопствени средства на ЕЛЕМ, ќе го изграделе Чебрене и Галиште. Можете да појдете по должината по течението на река Црна, ќе видите дека ниту нешто се гради ниту пак дека некој има намера да гради.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.