Во првите три месеци полнењето на буџетот е нешто над 20%. Доколку дојде до смирување на пандемијата и постепено нормализирање на економската активност на компаниите со сигурност може да се очекува реализација на сценариото 1 кое го најави ресорниот министер на прес конференција одржана на 1 април кога кажа дека ќе недостасуваат околу 20% од планираното или околу 700 милиони евра повеќе од планираниот буџетски дефицит, објаснува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Доколку на ова се додадат околу 514 милиони евра планирано задолжување поради раздолжување и тоа 246,5 милиони евра домашен долг и 267,7 милиони евра надворешен долг и доколку на ова се искалкулира планираниот буџетски дефицит за до крајот на годината во износ од околу 162 милиони евра, доаѓаме до бројка од 1 милијарда 376,2 милиони евра кои е потребно буџетот да ги обезбеди од задолжување, доколку не се случи некое подраматично и поголемо кратење на расходната страна кои што гледаме дека не се случува. Овие средства се доволни само за покривање на стари долгови и буџетскиот дефицит без некоја посериозна поддршка на компаниите. При намалување на бруто домашниот производ од 4% колку што предвидуваше ММФ и дополнителните задолжување поради сервисирање на буџетскиот дефицит без посериозно намалување на расходната страна, неминовно ќе доведе до зголемување на јавниот долг. Повторувам задолжување поради покривање на дупката во буџетот и буџетскиот дефицит без било какво посериозно задолжување, а со цел поддршка на реалниот сектор и на македонската економија. Неминовно ќе дојде до зголемување на јавниот долг во однос на БДП ако се има во предвид и предвидувањето на ММФ дека македонската економија во оваа 2020 година ќе ја заврши со стапка од 4% намалување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.