Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО ДПМНЕ денеска беше во посета на фабриката „Витаминка“ од Прилеп.

Одличен бренд кој трае над 60 години и вработува над 700 луѓе. Развојот на нашата економија треба да се темели врз успешните примери кои треба да растат дополнително, да се прошируваат и зајакнуваат. Економијата ќе го има нашиот најголем фокус зошто преку нејзе се гради иднината на една земја и може да се обезбеди добриот живот, вели Мицкоски.

Според Мицкоски, економијата мора да се ослободи од стегите на хибридниот режим и од корумпираноста со која сме први во Европа.

Да изградиме квалитетен систем каде човечкиот труд ќе се вреднува, а знаењето и професионализмот ќе доаѓа до израз. Имаме концепт и план. Обновата доаѓа, а Прилеп ќе чекори вистински напред, праведно, развојно, со концепт и идеја. Македонија може повеќе и подобро!, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.