Денеска бев во Кавадаречкото населено место Марена на средба со лозарите. Состојбата е катастрофална, лозарите се незадоволни бидејќи се чуствуваат измамени и излажани од владата. Ветените субвенции се прениски и никако до стасаат до крајните и вистински корисници. Ветениот стимул за лозарите кој го ветуваа пред избори сеуште не е исплатен. Состојбата на терен, по македонските ниви е сосема поинаква од онаа која власта ја сугерира од климатизираните и удобни канцеларии, пишува лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил по денешната посета на лозарите во Тиквешијата.

Дополнително власта се заканува на секој незадоволен лозар, вршат притисоци и закани што само ја докажува нивната немоќ, и фактот дека власта одлепена од народот паѓа. Потребно е владата да се ангажира и со итни дополнителни мерки да им се помогне на лозарите. ВМРО-ДПМНЕ останува со земјоделците, ги поддржуваме нивните барања и ја разбираме нивната мака, додава тој.

Притисокот којшто од страна на оваа политичка каста на власт се врши врз лозарите е огромен. Притисок да не протестираат, притисок да останат во своите домови и да трпат. Она што денеска оваа политичка каста на власт го ветува како дополнителна субвенција и стимул за лозарите, не само што немаат намера оваа година да го исплатат, туку прашање е дали истото ќе биде исплатено и во следната година. Истото што го слушнавме од оризопроизводителите во Кочани, го слушаме и тука, дека доколку се продолжи со овој тренд, многу лесно ќе бидат напуштени лозовите насади, вели Мицкоски по својата денешна посета.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.