Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвинува дека економските мерки на владата се навредливи. Тој бара државата да ги субвенционира и платите и да ги замрзне долговите на граѓаните.
Тој вели дека ни треба робусна акција во економијата а не шминка. Затоа тој предлага како една од мерките да се купуваат македонски производи и со тоа да спасиме едно работно место.
Taa кампања треба да се поддржи.Можеби делува скромно но на крајот на денот ќе има огроми ефекти. Нашите мерки се темелат на два столба. Првиот е како да го спасиме бизнисот со вработените во бизнисот, и втората е како да го спасиме буџетот да остане ликвиден. И за двете работи ни требаат пари да позајмиме и тоа треба да го направиме час поскоро.Не треба да чекаме, секој ден дополнителна камата ќе плаќаме, ќе плаќаат граѓаните , нема да го плаќа СДСМ и Заев-објасни Мицкоски на Сител.
Тој вели дека ќе поддржат задолжување со еврообврзница, но оти тоа нема да биде безусловно и затоа побараа да се формира тим во кој ќе учестуваат и нивни експерти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.