Има незадоволни змејоделци кои тврдат дека не им се исплаќа трудот кој го даваат. Единствено што добро оди во земјоделието се оранжериите и садниците со марихуана на власта и ништо повеќе, рече Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој денеска беше во посета на Јени маале и битолско Оризари.

Жителите велат дека се игнорирани од локалната и централната власт. Има и незадоволни земјоделци кои тврдат дека ни им се исплаќа трудот кој го даваат, немаат пласман, а субвенциите каснат. Битола е запоставена, земјоделците игнорирани, а ветуваа живот, ветуваа правда, ниту правда има ниту живот дојде. Единствено што добро оди во земјоделието се оранжериите и садниците со марихуана на власта и ништо повеќе, рече Мицкоски.

Мицкоски порача дека ВМРО ДПМНЕ ќе ги смени работите.

Ќе донесеме правда, ќе се избориме за подобар живот за сите граѓани, порача Мицкоски од битолско Оризари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.