Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски реагира на најавите на НБРМ за ново задолжување во вторник од 53,6 милиони евра. На официјалната страница на Народна банка на Република Македонија објавена е аукција од државни хартии од вредност од 3.300.000.000 денари односно 53, 6 милиони евра.

Продолжува несовесното однесување на Владата и свесно доведување на државата во подредена положба. Како ВМРО-ДПМНЕ ја разгледуваме можноста за отпочување постапка против сите соучесници во оваа неправда. Свесно ја доведуваат државата во подредена положба, пустошуваат, пљачкаат и несовесно управуваат со буџетот и државните институции. Ново задолжување кое треба да ги покрие штетните и погрешни политика на Владата, а истовремено да ја продолжи политичката кариера на двоецот Заев-Анѓушев. Ве предупредуваме, внимателно со ресурсите на граѓаните, за месеци од сега новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе бара одговорност за овие штетни и погрешни политики, пишува Мицкоски на Фејсбук.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.