Лидерот Мицкоски најави дека ВМРО-ДПМНЕ во следните неколку денови до Владата ќе достави уредби со сила на закон за мерките кои што ги предлагаат.
Тој бара да се отвори дебата на самата владина седница за да може претставникот кој што ќе биде таму и кој што е дел од техничката Влада да ги брани тие мерки.
Првата мерка која што ќе ја доставиме е да бидат покриени до 50 проценти од трошоците по основ на бруто плата и за сето тоа ќе доставиме методологија. И тоа не само за месеците мај и април кој што ќе бидат исплатени во мај и во јуни, туку тоа ќе важи и за месеците март, април, мај и јуни, а потоа соодветно на ситуацијата ќе предлагаме нови мерки.
Втората мерка која што ја повторуваме по трет пат е веднаш да се интервенира во вториот задолжителен приватен пензиски фонд и средствата кои што во висина од 10 милијарди денари биле предвидени за оваа година, а веќе во првите два месеци јануари и февруари 1 и половина милијарда се уплатени во задолжителниот приватен пензиски столб да бидат веднаш со уредба со сила на закон пренасочени во единствениот државен задолжителен пензиски столб. На тој начин ќе се обезбедат дополнителни осум ипол до 10 милијарди денари-објасни Мицкоски.
Лидерот на опозицијата побара веднаш да се организира состанок кој ќе го води премиерот на Владата, вицепремиерот задолжен за економски прашања, министерката за финансии, претставници на највисокото ниво на македонските банки, финансиски институции, гувернерот на кој што ќе се разговара за мек трансфер на средства од благајнички записи во државни хартии од вредност.
Да може Народната банка најпрво да ја намали каматната стапка од 1.75 на 1.5 или 1.25 да станат помалку тие атрактивни на сметка на тоа да бидат запишувани државни хартии од вредност преку министерството за финансии. Кои што можат доколку постои доверба кај банкарските и финансиски институции да бидат насочени за поддршка на бизнисот, поддршка на буџетот и конечно за поддршка на граѓаните во процесот за справување со пандемијата на корона вирусот.Веднаш состанок на кој што овие стерилизирани средства, оваа ликвидност од банките полека на мек начин ќе биде пренасочувана од Народната банка кон државата, односно министерството за финансии-образложи Мицкоски.
Мицкски смета дека е потреба агресивна акција за испорачување на капиталните инвестиции како и замрзнување на ануитетите во банките на граѓаните и правните лица.
Не вака, не со определена корекција и не со репрограмирање туку веднаш замрзнување на ануитетите за отплата на главнината и каматата на граѓаните и правните лица во банките во период од 3 до 6 месеци. Веднаш со уредба со сила на закон.
Намалување на трошоците во буџетот. Ги поздравуваме сите оние намалувања на трошоците во буџетот како што се намалување на платата на избраните и именуваните функционери на минималец од 14.500 денари за месеците април и мај. Го поздравуваме укинувањето на додатокот на членовите на совети, на членовите на надзорни одбори на членовите на управни одбори се додека кризата не заврши. Но истовремено апелираме за намалување и целосна пренамена на средствата кои што се користат за партиски вработувања од времен карактер, за репрезентации, трошоци со договорни услуги. Веднаш рационализација на буџетските трошења. На тој начин ќе обезбедите неколку милијарди денари кои потоа можете да ги користите за поддршка на буџетот и за поддршка на стопанството-додаде Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.