Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес оствари средба со претставниците на Сојуз на Стопански Комори на Македонија на која беше придружуван од потпретседателот на партијата Владо Мисајловски и членот на Извршниот комитет Трајко Славески.
Пред средбата Мицкоски истакна дека ова е добра можност дел од проектите кои што ги предвидува ВМРО-ДПМНЕ но и економската програма која што ја подготвува партијата да ја презентираат пред раководството на ССК.
Така што мислам дека ќе биде една интересна средба. Средба која што ќе биде практично почеток на една поинтензивна соработка. Тука сме да ги прифатиме сите оние совети и критики кои што доаѓаат од апликативната дејност од вистинската економија. Ние сме свесни дека без добра економија немаме добар развој и како држава но и како општество. Изминатиот период сведоци сме на една катастрофална политика од областа на економијата која што ја води СДСМ, Владата на СДСМ и таканаречениот економски тим кој што предвидуваше многу програми кои што за жал доживеаја комплетно фијаско во нивната имплементација – истакна Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека мора да учат од грешките, мора да учат од она што не чини, да влечат искуство од сето тоа и се разбира да го корегираат и да го подобруваат.
Така што ВМРО-ДПМНЕ е подготвен. ВМРО-ДПМНЕ има изготвено економска програма која што знаеме дека ќе одговори на најголемиот дел од реалните потреби и проблеми на граѓаните. Така што добро е секогаш да се слушне мислењето од реалниот бизнис и реалната економија. За да можеме и тој дел исто така да го подобриме онаму каде што се разбира ќе добиеме критика околу или одредена сугестија, или совет околу определени економски политики кои што ги подготвуваме – нагласи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.