Денот на трудот е зад нас, но правата на работниците се горливо прашање 365 дена во годината. За правата на работниците во Македонија генерално превладува заедничко мислење кај сите дека ситуацијата е катастрофална, дека потешко никогаш не било, а за положбата на работиниците да биде безизлезна придонесува и задушеното синдикално организирање, вели претседателот на најголемата опозицикса партија ВМРО-ДПМНЕ во интервју за Република.
Пркосот којшто треба да произлезе од синдикалните организации никаде не го гледам. Дали некој ги заспа синдикатите применувајќи неконвенционални методи или што се случи, не знам, но оној којшто треба да биде авангарда, да ги брани и да ги застапува работничките права, веќе две години не сум слушнал дека има некаква активност, освен Синдикатот за образование, којшто имаше неколку обиди за протесни маршеви низ Република Македонија, но и тие прекинаа.
Синдикатите кои ги поврзуваат работниците во индустријата никаде ги нема. Од луѓето кои ги водат тие синдикални организации сум слушнал информации дека власта преку сопствени инсталации прави упад во синикалните здружувања и на тој начин се обидува да го контролира незадовоството коешто тлее меѓу работниците, вели Мицкоски.
Мицкоски не верува дека се реални ветувањата за 500 евра просечна плата за секој работник и нуди реални проекции на решенијата што ќе ги понуди неговата влада доколку дојде до предвремени парламентарни избори на кои би победила ВМРО-ДПМНЕ.
Она што ВМРО-ДПМНЕ го има зацртано како агенда во своите активности е како да го направи животот на нашите сограѓани поквалитетен. Се разбира дека ние не можеме да излеземе со програма којашто ќе понуди стопроцентно решавање на сите проблеми на нашите сограѓани, но можам да кажам дека ќе излеземе со програма невидена досега, којашто ќе понуди решенија за најголем дел од проблемите на нашите граѓани. Не би навлегувал во нумерички податоци X евра плата, Y евра просечна плата. Ќе сториме сѐ не само 500, туку и повеќе стотици евра просечна плата во Македонија, затоа што нашите граѓани заслужуваат поинаква реалност од оваа, вели Мицкоски.
Доколку се има јасен план и јасна методологија, растот на просечната плата е возможен, вели Мицкоски во интервуто, а какопример ги посочува земјите од источна Европа Бугарија, Хрватска, Полска, Романија, Унгарија.
Платите во источноевропските земји галопирачки растат, затоа што дел од квалификуваната работна сила мигрира во западна Европа и како пример се земени Бугарија, Унгарија, Романија, Хрватска, Полска. Она што го вети Заев беше празно ветувње, нема ништо од тоа, а од друга страна источноевропските земји, меѓу кои и нашиот сосед Бугарија, работат на тоа како да си ги задржат во својата земја висококвалификуваните луѓе. Просечните плати во тие држави растат од 8 до 12% на годишно ниво, што е исклучително квалитетен податок. На пример, во Романија, општите лекари, како матичните кај нас, имаат 1860-1920 евра плата. Медицинските сестри земаат 650-700 евра просечна плата за да не ја напуштаат државата, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.