Потребно е во единство во овие моменти.Ние сме проактивни, даваме совети, а ќе критикуваме кога ќе дојде време, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео обраќање на ТВ 21.
Тој нагласува дека владата нема јасен план кога се однесува на економските мерки и помошта која мора да ја даде на стопанствениците.
Мицкоски образложи дека битката на економски план треба да се води на два столба
Првиот столб е да се обезбедат сопствениците на бизнисите, односно да се обезбедат самите бизниси, а потоа да се обезбеди ликвидноста на буџетот. Владата мора да им покаже и докаже на сопствениците на бизниси дека е позади нив и дека е подготвена половина од трошоците за вработените да ги поднесе. Тука не мислам на трошоците кои се однесуваат на придонесите, туку и за трошоците за личниот доход.Ние зборуваме по бруто трошоци по вработен.Тука државата треба да донесе мерка и да обезбеди средства каде што ќе поднесе најмалку педесетина проценти за можат сопствениците на бизниси да се почустуваат дека државата стои до нив и дека државата заедно со нив е подготвена да го сноси ризикот кој во овој момент ќе се случи-анализира Мицкоски.
Втората мерка пак според Мицкоски треба да се однесува на замрзнувањето на отплатата кон банките мерка што веќе направија соседните земји.
-Ние тоа го бараме неколку дена.Да се замрзне, не да се репрогамира, бидејќи сопствениците не работат и не генерираат приход за да можат да сервизираат било какви обврски кон кон банките и заемодавателите.Мора сопсветниците на бизниси да ги задржат вработените и да го задржат активен бизнисот-објасни Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.