Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција посочи 12 капитални проекти за екологијата и енергетиката, а воедно најави дека ќе има и многу други кои ќе бидат дел од нивната предизборна програма.
Овие проекти ќе значат повеќе здравје, повеќе напредок, и поквалитетен живот. Ова се проекти и мерки од кој корист ќе имаат 2 милиони граѓани, за обнова на енергетскиот сектори заштита на животната средина. Повеќе енергетска стабилност и повеќе развој преку примена на иновативни технологии кои земјава ќе ја направат регионален лидер и со висок степен на енергетска самостојност. Ова се сериозни проекти за обновата која ќе ја спроведе новата влада. Нам ни требаат успеси наместо порази. Оваа обнова е надежта за која вреди да се бориме. Обновата победува, доаѓа време кога ќе има повеќе за секого – рече Мицкоски.
Меѓу тие проекти е и изградбата на нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата.
Се обрзуваме за обнова која ќе донесе нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1 000 добро платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и останатите места, со добри плати. За целиот регион тоа ќе донесе 20 милиони евра обрт годишно и враќање на животот во овој крај – рече тој
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.