Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на ТВ дебатата на Канал 5 телевизија објави скандал со фирмите на семејството на премиерот Зоран Заев. Тој објави три фирми кои фамилијата Заеви ги отвориле во Бугарија. Мицкоски констатираше дека самите тие не веруваат во економските политики на владата предводена од СДСМ, партија чиј лидер е самиот Заев.
Мицкоски ги објави фирмите „Гомасиндра“ во сопственост на Трајче Заев, братучедот на Зоран Заев, „Радиша трејд“ во сопственост на Радиша Бојовиќ Заев кој му е зет на Зоран Заев и фирмата „Ориент груп“ исто така во сопственост на Трајче Заев, сите отворени во соседна Бугарија, наместо во Македонија.
– Тие се во соседна Бугарија, тие не веруваат господине Заев во вашите економски политики, а вие очекувате да верува македонската јавност? Вашите најблиски не веруваат, потенцираше Мицкоски.
На Заев не му беа познати фирмите… Потоа му станаа познати.
Како течеше овој разговор:
-Господине Заев катастрофална ви е економијата, не ве бива и треба да си го признаете тоа. Немате ниту еден резултат, бројките не се на ваша страна. Господине Заев дали ви значи фирмата Гомасиндра, го праша Мицкоски
На што Заев одговори:Не ми значи,
На ова претседателот Мицкоски му порача
-Господине Заев оваа фирма е о сопственост на вашиот братучед Трајче Заев. Дали ја знаете фирмата Радиша Трејд?
На што следуваше повторно одговор од Заев дека не знае ни за таа фирма.
Мицкоски му порача дека и оваа фирма е во сопственост на Радиша Боеви Заев. Дали ја знаете фирмата ориент Груп, го праша Мицкоски. На што и на ова прашање Заев одговори дека не ја знае. Таа е исто така во сопственост на Трајче Заев. Тие се во сопственост на Бугарија, тие не веруваат господине Заев во вашите економски политики, а вие очекувате македонските граѓани да веруваат, кога вашите најблиски не веруваат.
На ова, Заев се предомисли и почна да се правда дека Заеви плаќаат милионски суми данок во Македонија имаат по 1000 вработени во нивните фирми.
-Да но продаваат производи и во Бугарија и во Јапонија и во Канада и во Русија и во Брисел и во Велика Британија, Ммамасот го има секаде, домашен продукт е, вели Заев.
На што следуваше одговор од Мицкоски дека фирмите а кои го прашал Заев се фирми за градење на згради, а н за ајварот Мамас.
-Господине Заев, овде нема за Мамас, овде е градежништво, строителство вика. Овде нема врска со Мамас и со корнишоните, му порача Мицкоски.
Заев, се предомисли и кажа дека не ги негира фирмите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.