Очигледно промашувањата и неспособноста на анти бизнис Владата и анти реформски ориентираниот премиер Заев продолжуваат надополнети со вообразениот министер за финансии Тевдовски, вели Христијан Мицкоски.

Кога зборува за приходите Тевдовски треба да прави разлика помеѓу приходи од УЈП и приходи на целиот буџет на Република Македонија, што се две различни категории. Минатата година велеа и проектираа дека приходите во буџетот ќе растат за 9 проценти. Сега велат дека тие растат за 6.6 проценти што е потфрлање за 2.4 проценти. Или со други зборови ако продолжи овој тренд до крајот на годината потфрлањето ќе биде над 82 милиони евра или над 5 милијарди денари што е огромна сума за било која влада во регионот, потенцираше Мицкоски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ додава дека ова ќе биде уште еден доказ за неспособната Влада и нејзиниот антиреформски тим кој има потфрлање во секоја област.

Цената на ваквата неспособност ја плаќаат граѓаните. Затоа велиме дека на Македонија ѝ е потребна обнова. Обнова со која ќе ги намалиме даноците и ќе го вратиме рамниот данок, со која ќе ја намалиме покачената акциза за горивата и ќе направиме економска обнова на Македонија. За секој еден човек, за секој еден граѓанин, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.