Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ промовирашр мерки кои ќе ги реализираме во областа на
образованието и културата. Како прво тој се обврза на обнова која ќе опфати изградба на нови 20 и реконструкција на најмалку 50 училишта.

 

– Голем дел одпостојните училишта функционираат во супстандардни услови и тоа мора најскоро
да се промени веднаш по формирањето на новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ.
Се обврзуваме на обнова која ќе донесе поголеми примања заУниверзитескиот наставен кадар. И тоа воспоставување на методологија со која ќе обезбеди и ќе ги зголеми примањата на наставно образовниот кадар на универзитетите. И тоа до 100.000 денари за редовните универзитетски професори,до 80.000 денари за вонредните професори, до 60.000 денари за доцентите и до 45 илјади плата за асисистентите на факултетите. Ова значи 2.5 пати повеќе од тоа што денеска го обезбедува државата- објасни Мицкоски.

Лидерот на паритјата најави и сет мерки која ќе донесе намалување на ДДВ од 18 на
5% во културата. Според него, ова ќе значи повеќе заштеда за граѓаните и повеќе достапна
култура.

Ова ќе се однесува за уметнички дела, за организирање на културни настани – продажба на билети, за изнајмување на простор, за организирање на културни настани во институциите од културата, а ќе придонесе и за стимулација на самоодржливоста на институциите.Ќе повторам намалување на данокот на додадена вредност во културата од 18 на 5%.Се обврзуваме на обнова која ќе опфати изградба на нови театри во Прилеп, Охрид и Скопје. Конечно Прилеп и Охрид ќе добијат комплетно нови театарски згради, а Скопје уште една нова современа зграда за театар- додаде Мицкоски.

Лидерот на опозицијата се обврза на обнова која ќе значи Унапредување на македонскиот
јазик како наше идентитетско обележје.

Ова опфаќа сет мерки како изработка на Корпус на македонскиот јазик, Академска граматика и Етимолошки речник, поддршка на изданијата за Правописот на македонскиот јазик. Се обврзуваме на обнова која ќе овозможи стимулирање на бизнис секторот да инвестира во културата. За таа цел ќе направиме измени во постојниот закон со кој ќе се овозможи повеќе инвестиции на стопанството во сферата на културата, олеснувања кои ќе овозможат поттикнување на бизнисот да насочува повеќе средства во развојни проекти во културата.

Ветувањата низ фотографии



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.