Главниот фокус ќе биде она каде сега сме најслаби, а тоа е економијата. Таа е фундаментот за добриот живот. Нема развиена економија без добра инфракструктура. Ќе промовирам денес 12 нови проекти кои ќе бидат дел од обновата кон која се обврзуваме од областа на транспортот и инфраструктурата – посочилидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната пресконференција.

Тој нагласи дека се обврзуваат на обнова која ќе донесе автопатско поврзување на Скопје со Битола, тоа ќе значи градба на нов автопат од Велес преку Прилеп до Битола.

Ќе изградиме автопат по кој од Скопје до Битола ќе се патува за час и половина. Ова значи нова патна артерија, нов коридор односно ново автопатско поврзување од Велес, Чашка, Прилеп па се до Битола, кој е од стратешко значење за Пелагонискиот крај и еден милион граѓани. Воедно ќе го доизградиме сето она што е започнато т.е. автопатите кои што ги започна и предвиде Владата на ВМРО-ДПМНЕ, автопатот Кичево – Охрид и автопатот Скопје – Блаце – додаде Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за обнова која ќе донесе нов асфалт за регионални патишта во државата. Да нема неасфалтиран регионален пат, односно целосна реконструкција на повеќе од 1.000 километри регионални државни патишта.

Ова значи за еден мандат ќе го замениме целиот дотраен асфалт на сите регионални патишта во земјава, односно до Берово, Дојран, Делчево, Пехчево, Пробиштип, Ресен, Дебар, Кичево, Македонски Брод и останатите градови ќе се вози низ целосно нов асфалт. Се обврзуваме за обнова со која ќе донесе 2 милијарди евра за инвестиции во патишта. Овде пред се спаѓаат инвестициите и градбата на автопатиштата, експресните и регионалните патни правци. Значи за еден мандат инвестиција од минимум 2 милијарди евра што ќе биде значителна финансиска инекција за градежниот сектор. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на 150 километри експресни патишта низ целата држава. Се обврзуваме за обнова која ќе значи изградба на нов експресен пат од Куманово до Крива Паланка. Ова ќе значи целосно поврзување со експресен пат, со широк и безбеден коловоз Куманово со Крива Паланка за посилен економски развој на овој дел од Македонија – рече Мицкоски.


Понатаму тој како дел од нивната програма ја посочи изградбата на нов експресен пат од Битола до Грчка граница, што ќе значи дека покрај тоа што од Скопје до Битола ќе имаме автопатско поврзување со градба на автопатот Велес – Прилеп – Битола, од Битола до Грчка граница ќе се вози по нов експресен пат.

Се обврзуваме на изградба на нов експресен пат од Струмица до границата со соседна Бугарија. Ова ќе биде особено важно за развојот на Струмица, Ново Село, Василево, Босилово и околината. Воедно се обврзуваме и завршување т.е. довршување на експресните патишта кои ги започна и за кои што проектирањето го заврши и го обезбеди финансирањето претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Односно доградба на експресниот пат Штип – Кочани, експресниот пат Штип – Радовиш и експресниот пат Градско – Прилеп. Се обврзуваме на обнова која ќе значи 300 милиони евра инвестиции во изградба на нови водоводи и канализации низ целата земја со што многу населени места ќе добијат чиста вода за пиење и канализација за пристоен живот. Се обврзуваме на обнова која ќе значи купување на 5 нови возови, за подобри услови во железничкиот сообраќај и сериозна модернизација на возниот парк. Се обврзуваме на обнова која ќе значи изградба на пруга Битола до Грција и пруга за Бугарија која многупати во минатото беше ветувана, но конечно денеска можеме да ветиме дека тоа во мандатот на Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја завршиме. Се обврзуваме на обнова која ќе обезбеди нови евтини авио летови до главнит европски аеродроми и поврзување со европските центри. Воедно ќе работиме и за обезбедување на за прв пат прекуокеански летови до САД за поевтина и полесна комуникација. Се обврзуваме на обнова која ќе значи целосна дигитализација на Катастарот за нулта корупција. Ова ќе значи поедноставени процедури за граѓаните и борба против митото и корупцијата за добивање на услуги кои им следуваат на самите граѓани – додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.