Инвестирањето во екологијата и во енергетиката значи инвестирање во здравјето на сите и во иднината на сите. За жал имаме комплетен застој цели три години. Имаме порази наместо победи, имаме кочења на проекти, наместо реализација, имаме виткање на кичма наместо исправање. Ветуваа алпски чист воздух, добивме држава со најзагаден воздух во Светот. Ветуваа гасификација добивме нула реализација – нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција на која беа посочени 12 капитални проекти за екологијата и енергетиката.

Тој прво ја коментираше актуелната состојба- празни хидроакомулации, загуби и скапи ремонти за повеќе пари во фирмите блиски на власта. Загадениот воздух го одзема здравјето, нашата иднина. Власта тргува со она што е најскапо за секој еден човек. А тоа продолжува да и носи порази на земјата. Нагласи дека мора работите да се променат, мора да се инвестира во здравјето, но и во енергетиката, а тоа е нашата иднина.

Проектите кои се дел од програмата на ВМРО-ДПМНЕ:

-Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи енергетска обнова на домовите на граѓаните. Односно овозможување секое семејство да дојде до нова фасада и прозорци на својот дом при што за инвестицијата половина ќе покрие државата, односно 50% е на трошок од државата. Фактичката состојба покажува дека многу од домовите на граѓаните се енергетски неефикасни, а нивната обнова чини пари. Затоа се обрзувам дека идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе финансира половина од трошоците за изградба на нова енергетска фасада и замена на ефикасни оков во домовите. Со оваа мерка ќе се намали непродуктивното користење на енергијата, а тоа пак ќе придонесе за заштита на животната средина. Тоа за граѓаните ќе значи топол дом на зима, и ладен на лето и секако пониски сметки за топлинска енергија и заштеда на нивните семејни буџети и повеќе пари во семејствата.

-Се обрзуваме на обнова која ќе овозможи за граѓаните набавка на сончеви колектори за домаќинствата, при што 50% од сумата ќе биде на трошок на државата. Ова значи дека новата Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи до 50 % субвенции на граѓаните за набавка на енергетски ефикасна опрема: сончеви колектори (фотоволтажни и термални, топлински пумпи, приклучок кон топлификациски системи) со што граѓаните ќе добијат бесплатна енергија, ќе заштедат повеќе пари, а ќе се овозможи заштита на животната средина.

-Се обрзуваме на обнова која ќе донесе целосна гасификација на Македонија. Гасификацијата која сега е заглавена, целосно ќе ја одглавиме и ќе ја дозавршиме. Еден од стратешките приоритети на новата влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде да се воведе природен гас за употреба во домаќинствата, индустријата, малите и средните претпријатија, образованието, социјалните установи, здравствените установи. Затоа ќе го изградиме гасоводниот систем во државата. Во наредниот период со интензивна динамика ќе се пристапи кон: Завршување и пуштање во употреба на проектите кои беа започнати поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, а денес од новата Влада несе завршиени: Магистрален гасовод Неготино (Кавадарци) – Битола и Скопје – Тетово – Гостивар. Се обрзуваме на изградба на Магистрален гасовод Штип- Радовиш- Струмица – Гевгелија. Изградба на Магистрален гасовод Гостивар – Кичево. Изградба на Магистрален гасовод Свети Николе – Велес. Изградба на Магистрален гасовод Битола – Ресен – Охрид – Струга. Поврзување на ТЕЦ Неготино на природен гас и напуштање на оној земјоделско енергетски комбинат, кој не е ни земјоделски ни енергетски. Изградба на делници за поврзување на Технолошко-индустриските развојни зони во Штип, Прилеп, Тетово, Радовиш, Струмица, Кичево, Струга, Гевгелија, како и Индустриската зона Жабени.

-Се обрзуваме на обнова која ќе значи обезбедување на природен гас за секое домаќинство. Ќе го направиме овој енергенс да биде достапен за секого. За таа цел во населените места кои се наоѓаат на поголемо растојание од магистралните гасоводи, ќе се пристапи кон изградба на складни платформи со менливи контејнерски батерии или резервоари за складирање на природниот гас. Ќе создадеме виртуелна мрежа. Системот подразбира компресија, транспорт и декомпресија на природниот гас за да може истиот да стигне до гасните дистрибутивни мрежи низ населените места. Со ваквиот проект се опфаќаат голем број населени места и се овозможува природниот гас да биде подостапен до граѓаните и компаниите.

-Се обрзуваме на обнова која ќе донесе на секое домаќинство бесплатен приклучок до гас. Односно ова ќе значи нула денари трошок на секој дом кој ќе реши да користи гас како енергија. Ова значи повеќе пари за граѓаните, но и почиста животна средина.
Јас нема да ветувам чуда и затоа внимателно одбирам што ќе биде реализирано од работите. Притоа еден од кучните приоритети кој ќе го реализираме е чистиот воздух.

-Се обрзуваме на обнова која ќе донесе повеќе здравје, односно 50% почист воздух од сега. Тоа зачи намалување на загадувањето минус 50%. Ќе исполниме стратегија која ќе значи реализација на целосна гасификација на државата, создавање на услови гасот да биде достапен до секое домаќинство, и да стане широко рспространет енергенс кој ќе се користи. Воедно тоа подразбира и користење од државните институции како и компаниите кои се загадувачи. Истовремено ќе инвестираме во зелени еко проекти и нови вложувања во екологијата. Сето ова сериозно ќе го намали загадувањето или најмалку до 50-тина проценти на крајот од мандатот од тоа што е состојба сега. Почист воздух за повеќе здравје.

-Се обрзуваме на обнова која подразбира инвестиции во обновливи извори на енергија. Ветерен парк Миравци за складирање на енергијата. Прв таков во нашата држава. Ветерниот парк Миравци располага со ветерен потенцијал со вкупна инсталирана моќност над 100 MW. Планираното годишно производство на електрична енергија е над 300 GWh. Системот за скалдирање на енергија во Ветерниот парк Богданци преку батерија ќе се користи за складирање на електричната енергија во периодите кога има вишоци на произведена енергија. Батеријата со својот капацитет ќе може да напојува околу 6 000 домови во периоди на недостаток на електрична енергија во мрежата.

-Се обрзуваме на обнова која ќе значи целосна гасификација на медицинските центри кои сега се големи загадувачи. Пред се ова значи гасификација на Клинички Центар во Скопје и болниците во Гостивар, Тетово, Прилеп, Битола и Куманово. Под целосна гасификација се подразбира Реконструкција на котларите во болниците и јавните установи со поголема потрошувачка на енергија со цел поставување на когенеративни постројки, истовремено производство на електрична и топлинска енергија). Значи когенеративна постројка за производство на електрична енергија, топлинска енергија за греење и техничка пареа за целосно еко работење на болниците.

-Се обрзуваме на обнова која ќе значи модернизација на РЕК Битола. Овој сложен проект опфаќа набавка на нова опрема за потребите на РЕК Битола, зголемување на нејзините капацитети и модернизација на работата, како и примена на целосни еко стандарди за маналување на загадувањето на животната средина и целосно еколошко работење.

-Се обрзуваме за обнова која ќе донесе нова термоцентрала во Пијанец и Малешевијата според високи еколошки стандарди што ќе биде од стратешко значење за Источна Македонија. Ова подразбира 1 000 добро платени нови вработувања за Делчево, Пехчево, Македонска Каменица, Берово и останатите места, со добри плати. За целиот регион тоа ќе донесе 20 милиони евра обрт годишно и враќање на животот во овој крај.

-Се обрзуваме на обнова која ќе значи основање на ново министерство за енергетика и минерални суровини кое ќе се фокусира кон проблематиката на енергитиката како клучна област за стратешки развој за државата. Тоа не значи дека ќе ја зголемиме бирократијата, напротив. Ќе намалиме бирократија и ќе го намалиме бројот на неколку непотребни министерства кои ги чинат граѓаните повеќе пари, но ќе донесеме одлука за основање на ново министерство за енергетика како клучно за развојот на овој стратешки сектор за Македонија.

-Се обрзуваме да вршиме издавање зелени државни обврзници за повеќе зелени проекти. Имено овој проект предвидува министерството за финансии да издаде зелени обврзници кои ќе бидат долгорочни должнички хартии од вредност. Средствата обезбедени по основ на овие обврзници ќе имаат стрикно определена намена односно ќе се користат за проекти за решавање на проблемот со загадувањето. Тоа е проблем на кој се обврзуваме дека макотрпно ќе работиме, зашто здравјето на граѓаните ни е пред се.

На крај Мицкоски нагласи:

Ова се 12 капитални проекти за екологијата и енергетиката, а ќе има и многу други кои ќе бидат дел од нашата програма. Овие проекти ќе значат повеќе здравје, повеќе напредок, и поквалитетен живот. Ова се проекти и мерки од кој корист ќе имаат 2 милиони граѓани, за обнова на енергетскиот сектори заштита на животната средина. Повеќе енергетска стабилност и повеќе развој преку примена на иновативни технологии кои земјава ќе ја направат регионален лидер и со висок степен на енергетска самостојност. Ова се сериозни проекти за обновата која ќе ја спроведе новата влада. Нам ни требаат успеси наместо порази. Оваа обнова е надежта за која вреди да се бориме. Обновата победува, доаѓа време кога ќе има повеќе за секого.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.