ВМРО ДПМНЕ во својата програма со сет на реални економски мерки ќе ја придвижи економијата – рече претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоскво синоќешната емисија на телевизија Алфа „Што не е јасно“.

Имено тој кажа дека ВМРО ДПМНЕ посебно ќе стави акцент на капиталните инвестиции за тие да имаат реализација од над 90 % годишно. Мицкоски потенцираше дека доколку се води континуирана економска политика со спроведување на мерки кои што треба да донесат додадена вредност и во бизнисот и во компаниите ветувањата се остварливи.

– Она кое што ние го нудиме во нашата програма е токму тоа како да го ослободиме бизнисот од сите пореметувања кои што денеска му се случуваат и навистина да му дозволиме да расте. Сериозно реални ветувања и ветувања кои што се темелат на сериозна методологија и можат емпириски да се докажат. Најголемиот проблем би бил во исполнување на капиталните инвестиции или таканаречениот проектен менаџмент и ние се обврзавме во нашата програма на минимум 90 % реализација на тие капитални инвестиции. Тука ќе треба да поработиме тука можеби ќе треба дополнителни законски интервенции но мислам дека во иднина заедно со коалициониот партнер ќе можеме тоа да го направиме, кажа Мицкоски.

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ истакна дека се потребни структурни промени за да се придвижи економијата напред бидејќи тоа на државата и е сериозно потребно во овој момент.

– Во овој момент како што стојат работите ние потребно е да бидеме сериозно загрижени за развојот на државата и начинот како ова општество ќе продолжи да функционира. Зошто? Затоа што бизнисот не може да расте поради репресивните политики и не само оние официјални туку и неофицијални. Луѓето се жалат, непредвидлива политика од аспект на носење на закони, непредвидлива даночна политика се менува денес за утре купи ден продај, неисполнети ветувања, тоа што се ветува не се испорачува, нереализирани капитални инвестиции а од друга страна се прибираат парите и одат во непродуктивни трошоци. Од друга страна имаме континуирано незнаење и немање визија за развој во иднина. Сето ова бизнисот го прави загрижен дали да се развива и во која насока, додаде Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.