Државата ја втурнуваат во црвената зона на презадоженост, алармира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потсетувајќи дека за само три месеци владата на СДСМ го зголеми јавниот долг за една милијарда евра.
Согласно податоците од Министерството за финансии заклучно вториот квартал од 2020 јавниот долг изнесува 59,5%, додека државниот долг 50,7%, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.
Потрошени се нови една милијарда евра, ама нов автопат, нови градинки, училишта, болници нема. Но, има криминални избори и масовен поткуп. Овие пари со кои нѐ задолжуваат сите нас, се парите кои се потрошени за корумпирање за избори, затоа што ништо друго не е изградено. Многу лесно може да се увидат ефектите ако целта вистински им беше справување со последиците од корона. Денес е полошо споредено со април кога и предупредив на три можни црни сценарија во македонската економија. Еве првото се исполнува. Нѐ чекаат тешки времиња во македонската економија, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.