Првата работа што ќе ја направам како претседател на владата на Македонија – ќе се откажам од многу привилегии на премиерот и ќе ги намалам даноците, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервјуто за „Журнал“.

Во своето интервју Мицкоски запрашан дали размислувал да се намали бројот на вицепремиери и да има еден вицепремиер, тој одговори:

Постои внатрепартиска дебата посебно во делот на вицепремиер за економски прашања бидејќи некако таа позиција кумулира голема моќ, а во суштина без никакви одговорности. Најчесто се прават експериментални политики коишто немаат никаков резултат, а на сметка на тоа Министерството за економија да добие поголема тежина, па дури одиме до таму во иднина да тоа се подели на две помали министерства: Министерство коешто ќе третира прашања од областа на минералните суровини и енергетиката, а другото да биде Министерство за трговија, индустрија и раст. Тие две министерства да бидат практично замена на сегашните позиции вицепремиер за економски прашања и Министерството за економија, предлага Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.