Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го искритикува предлогот на Зоран Заев за намалување на платите во јавниот сектор. Мицкоски објаснува дека овие мерки покажуваат крах на системот но оти во сите кризи па дури за време на воен конфликт немало кратење на плати.

Се случува крах на системот затоа што е на стаклени нозе, а економските политики доживуваат неуспех. Се потврдува она што го говорев дека системот е трул, а тоа не може да се замачка со прес конференции и гол пи-ар. Преку оваа криза имаме соочување со грдата реалност. Поминавме турбулентни 29 години на предизвици, кризи, најболната приватизација и транзиција на Балканот, воен конфликт во 2001та година, Светска економска и европска должничка криза, но никогаш не се посегна по она што СДСМ и Зоран Заев сега го прави а тоа е платите на работниците. Ова значи дека никогаш и не било полошо овие 29 години.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.