Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска беше запрашан дали според условите што ги нуди владата за приватните фирми да користат 14.500 денари од владата дури помалку од една третина од приватните фирми ќе ги исполнат  условите за помош ваш коментар.

Мицкоски е на став дека многу помалку ќе биде тој број на компании кои што  ќе ги исполнат овие услови бидејќи оваа субвенција е поврзана со бројот на ефективни  работни часови за месеците април и месецот мај.

Ако вие во април не можете да одите на работа и  ефективно да работите поради вонредната состојба и доколку таа вонредна состојба барем за уште еден месец се продолжи  да речеме до втората половина на мај како компанијата ќе ги користи бидејќи вработениот ќе има нула ефективни работни часови. Нула помножено со 14 500 е нула така што лицемерна е мерката и тоа нема да го слушнете во пресот на Зоран Заев и во пресот на Оливер Спасовски  можете еве вака да го слушнете овдека и тоа е она лицемерие кое што денеска го слушаме а пред една недела го слушавме од  Зоран Заев не се ова мерки, ова треба да изгледаат мерки претпоставувам кај неколку провладини медиуми ќе бидат тие портретирани како мерки, ова во суштина е ништо. Ова во суштина е ништо затоа што никој кој што е погоден од страна на оваа вонредна состојба и за жал пандемијата која што гледате од  ден на ден зема се поголем  замав и повеќе жртви и повеќе заболени инфицирани од страна на пандемијата се практично погодени од истото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.