Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, анализира дека политиката на Зоран Заев и СДСМ придонела двете државни енергетски компании, ЕЛЕМ и МЕПСО, за само една година да имаат загуби од 22,8 милиони евра.

Колку ги чини граѓаните на Македонија политиката на Зоран Заев во енергетиката за само една година:

 

– Загуба на ЕЛЕМ (денешно ЕСМ) 16,8 милиони евра,

 

– Загуба на МЕПСО 6 милиони евра и

 

– Вкупната загуба на двете државни, наши компании е 22,8 милиони евра во 2020 година.

 

За споредба на 5 август 2017 година ЕЛЕМ го оставив со 1,5 милијарди денари или 25 милиони евра банкарски депозити и околу 300 милиони денари или 5 милиони евра на сметка со исплатени обврски, а МЕПСО 2016 година ја заврши со нето добивка од 150 милиони денари или 2,5 милиони евра – анализира Мицкоски.

Тој порачува дека за неколку месеци, граѓаните ќе имаат можност да изразат негодување и да тго казнат СДСМ за безидејноста и погубните политики.

За неколку месеци од денес граѓаните одлучуваат дали сакаат да живеат во ова секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или нашиот план за иднината, Македонија за сите луѓе. Граѓаните ќе одлучат дали ќе го поддржат ова секојдневие на СДСМ каде се крадат и банкротираат држаните компании или иднината која ја нудиме со инвестиции и развој на државните компании…. – порачува Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.