Освен украден живот, тие не успеаја да понудат ништо, германската „Вибе“ ја напушти изградбата на Коридорот 8 поради неисплатени обврски, соопшти денеска на прес-конфренција Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ барајќи оставка од актуелната власт.

Во делот на железничкиот транспорт, ќе ве потсетам на она епохално нивно ветување, а тоа е Коридорот 8, односно изградбата на железничката пруга Куманово – Бељаковце – Крива Паланка. Четири години грантови, фамозни прес конференции, но вистината е дека германската компанија „Вибе“ ја напушти изградбата на овој коридор поради неисплатени обврски и во моментов воопшто нема никаков напредок.
Освен украден живот буквално тие не успеаја да понудат ништо. Време е дазаминат, рече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.