Само економски силна држава е достоинствена држава, која не е подложна на омаловажувања, неправди и национални понижувања какви што ѝ нанесува на Република Македонија хунтата предводена од аболицираниот Зоран Заев, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од денешниот протестен марш во Велес.
Ветуваа 5 проценти раст на бруто-домашниот производ. Кога целиот регион книжи двојно поголеми стапки на раст од нашиот они се горди и велат еве со нашата пиши-бриши економија успеавме да покачиме во еден квартал 3 проценти, потсети Мицкоски на протестниот марш во Велес.
Мицкоски запраша дали тука завршија сите ветувања од 5-те проценти раст на економијата.
-Но она што е полошо, допрва доаѓа, а тоа ќе се случи во 2019 година. Не го зборувам ова за да подгревам паника меѓу граѓаните туку да предупредам на сите црнила и темнини кои што допрва ни доаѓаат. Не за бадијала ги зголемуваат даноците. Затоа што се свесни дека не можат да ја зголемат економијата со проекти, визија и структурни реформи. Наједноставниот начин им е да брцнат во џебовите на граѓаните и да го наполнат помезниот буџет за да можат да си делат тендери во четири очи. За да можат да крадат и пљачкаат, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Не само што нема да биде економска година, 2019 ќе биде година на економска стагнација, констатира Мицкоски, кој предупреди дека граѓаните допрва ќе бидат пљачкани од власта.
Целта на даноците што ќе ги зголемат не е да земат од богатите и да им дадат на сиромашните, туку да ги осиромашат и земјоделците, и граѓаните кои издаваат недвижнини, и ониое кои играат игри на среќа или се обложуваат, да ги осиромашат и граѓаните кои работат на договор за дело, затоа пто го зголемија персоналниот данок, и затоа што удираат директно по џебот на граѓаните, рече Мицкоски.
Мицкоски потсети на изјавата на вицепремиерот Кочо Анѓушев дека е поскапен само најевтиниот леб.
Па каков леб јадеме, има ли леб кој е само за вас, привилигираните, и најевтин којшто е за нас, обичните. Затем тоа го заслужија луѓето кои ви дадоа доверба? Не го заслужија и затоа сме секој ден се побројни, се додека не ве поразиме.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.