Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски деенска оствари средба со стопанствениците во Велес.
Овој град заслужува поголемо внимание и инвестиции. Моторот на една економија се инвестициите во која мора поголем ангажман да даде и владата.
Програмата која ќе ја понудиме на граѓаните ќе понуди многу конкретни проекти но и мерки кои ќе бидат наша стратешка определба. ВМРО-ДПМНЕ во 4 годишниот мандат ќе реализира проекти, капитални инвестиции за развој на Македонија во вредност од не помалку од 2 милијарди евра. Странски инвестиции, домашни инвестиции, во вредност не помала од 4 милијарди евра, и секако враќање на рамниот данок и сукцесивно намалување по половина процент секоја година повеќе од милијарда денари назад во бизнисот. Како ќе го направиме сето ова, прецизно ќе биде обработено во програмата која следи. Македонија може и има шанса. Следуваат промени и обнова која доаѓа – порача Мицкоски!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.