Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во Прилеп оствари средба со Регионалната стопанска комора.
Сакаме во Прилеп навистина да дадеме најдоброто од себе, да победиме, а потоа да покажеме дека Прилеп ги доживеа изминатите најтешки години во своето постоење четири од водење на актуелниот градоначалник и СДСМ на централна власт, а периодот кој што следи се најдобрите години за Прилеп и прилепчани кои што ќе го менаџираат и градот и администрацијата во градот а ќе бидат предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ.
Мицкоски рече дека условите за стопанисување се тешки. Освен пандемијата, работите дополнително ги комплицира самата локална администрација и централната влада тие услови ги направи да бидат уште потешки.
Овие луѓе се навистина јунаци да обезбедат работа за вработените, да обезбедат пристоен личен доход и континуирано да работата на подобрување на условите за работа и условите за живеење на вработените во овие претпријатија. Така што еве на крај мојата порака е, дека од овие најтешки и најлоши четири години за Прилеп и прилепчани, следуваат најдобрите четири години кои што ќе биде градоначалник на предлог на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, вистински економски, инфраструктурен и урбанистички бум на Прилеп и на прилепчани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.