Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, истакна дека од политичари што не знаат има само еден вид полоши политичари, а тоа се оние што многу лажат.
Јас навистина жалам што господинот вицепремиер не ја говори вистината. Еве ќе ве потсетам, дека до формирање на Парламентот имавме Влада којашто со брутална злоупотреба на уредби со сила на закон, не убедуваше дека помошта кон бизнисот и граѓаните во тоа време била 650-700 милиони евра.
Се сеќавате на тие изјави на таа Влада, на тогашната вицепремиерка, тогашниот технички министер, премиер и било кој од тие, не убедуваа дека заклучно со јули-август месец, се стигнати околу 650-700 милиони евра, за да пред недела дена – две да слушнеме една невистина од страна на господинот Битиќи, кој вели дека биле само 350 милиони. Еве нека не се од тие една милијарда и сто, од овие 650-700 каде отиде разликата. Тоа е суштината.
Така што, од неспособни политичари има само една сорта полоши политичари, а тоа се тие што лажат. За жал, господинот или не ги познава процедурите во рамките на Парламентот или, пак, тие што го брифирале, погрешно го избрифирале.
Ако не ги познава е жално, но на тие што го брифирале погрешно треба да им се заблагодари затоа што и другпат ќе го злоупотребат него и лошо ќе го избрифираат – истакнува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.