Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук ја коментира критиката на првиот човек на Стопанската комора Бранко Азески дека со кочење на економските закони пратениците удираат по компаниите.
Човек ќе помине цел живот и нема да ја научи основната лекција, не суди врз основа на едно слушнато лажно мислење, тоа те прави, и покрај сето искуство, недостоен. Па и во минатите режимски времиња од едно мислење не се обвинувало, судело и пресудувало, осудениот имал право на свое мислење. Но, ете…, тоа е нашата бизнис елита, а требаше да биде авангарда, кога веќе Владата не ја бива. Нема да слушнеме збор или два за најкорумпираната и најкриминалната Влада на Балканот, заробените институции, обвинителства и судови, дебаклот во економијата, изгубените работни места, неуспешните реформи во образованието, имунизацијата со ваксајнс, рекордите по заболени и починати од корона…., аааа не за тоа нема да прочитате од бардот на македонската стопанска комора-коментира Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.