Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашната дебата на МТВ зборуваше дека откако ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта во државата одноsно по 15 јули следува период на многу инвестиции со кои ќе се подобри животниот стандарт на луѓето, ќе се отворат нови работни работи, ќе имаповисоки плати и слично.
Во дебатна емисијата, пак Зоран Заев најави дека во следниот 4 годишен мандат ќе донесат 6 нови инвестиции, а наброи 3 како што рече станува збор за „Еколог“, Икеа, Блек Стоун.
На овој мал број на инвестиции кои ги најави Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски аплицираше:
– Претпоставувам господине Заев овие се оние истите инвестиции како што дојде ФБ, Гугл. Исто како што денеска кога шетам низ Македонија ги гледам технолошките паркови на ГУГЛ, на ФБ, исто како што ја гледам новата фабрика на еден голем гигант во автомобилската индустрија „Фолксваген“ се сеќавате тоа се случи веднаш после оние уставни измени кои што по насилен пат ги направивте. Претпоставувам сите инвестиции кои сега ги набројавте три, а рековте дека се 6 на тој начин планирате да ги донесете во Македонија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.