Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во видео интервју за новинската агенција МАКФАКС, истакна дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ветува се како двоецот Заев-Анѓушев само за да се остане на власт.

Тој вели дека ВМРО-ДПМНЕ нема да има таков пристап, да се ветува се само за да се остане на власт како што тоа го прави двоецот Заев-Анѓушев, да ветува се за да се остане на тие позиции на кои што ти се само за да се уживаат привилегиите и да се богатат на товарот на граѓаните. Тој вели исто така дека ВМРО-ДПМНЕ ќе примени честит пристап, да го исполни она што може, а она што не може да објасни на граѓаните зошто не може да го направи.

Ќе ви дадам пример како постапуваат нечестити политичари, се сеќавате на она ветување на Зоран Заев кога рече дека во неговиот мандат кога рече дека ќе изгради 500 километри автопат. Петстотини километри автопат е некаде околу десет милијарди евра, настрана она што нема можности за толку, ни третина ни четвртина немате од тој буџет за да инвестирате во таков проект, а каде се другите проекти, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.