И да не се случеше пандемијата со корона, податоците говорат дека македонската економија од неодговорната влада на Спасовски и Заев се туркала кон чист банкрот, објави на денешната прес конференција лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој вели дека е должен да ја извести јавноста дека анализите покажуваат дека врз буџетот од страна на Владата е направен смислен и добро организиран грабеж на народните пари и оти тоа го покажува и реализацијата на буџетот кој што министерството за финансии го објави во текот на вчерашниот ден.

Не можам никако поинаку да го оквалификувам ова, затоа што е трошено безмилосно, расипнички и недомаќински. И ова нема никаква врска со политика, за ова што денес го говорам постојат конкретни бројки кои денес ќе ги споделам со македонската јавност, а кои секој граѓанин треба да ги разгледа за да ја сфати штетата која и е направена на државата.

Извршен е буквално смислен грабеж на економијата во првите три месеци од годината со цел да се покријат изборите кои требаше да се случат, кога се потрошени 43 проценти од буџетскиот дефицит планиран за целата година, или 120 милиони евра, потрошиле 120 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот, додека нас не убедуваа дека блескаме и дека буџетот е ликвиден. Или со други зборови го задолжиле секое македонско семејство со дополнителни 15 илјади денари во просек само од почетокот на годината заклучно со крајот на март-вели лидерот на опозицијата.

Според Мицкоски, во првите три месеци, јануари, февруари и март од 2020 година владата на Зоран Заев и СДСМ изврши практично грабеж на буџетот и со тоа свесно ја турна Македонија во кризна состојба и подредена положба. Кога беше јасно дека пандемијата со Ковид-19 вирусот ќе ја зафати Македонија, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ играјќи all in со буџетот, нашата заедничка иднина, Зоран Заев и ова раководство на СДСМ мотивирани од лукративни мотиви и желбата по било која цена да се обиде да оствари подобар резултат на предвремените парламентарни избори потроши за еден квартал речиси половина од буџетскиот дефицит планиран за цела фискална 2020 година. И тоа за периодот од 1-ви јануари до 31 март во 2017 година потрошени се околу 19% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто повеќе од 21% од планираните капитални инвестиции. Повторувам за истиот период 2017-тата година потрошени се 19% од тогаш планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 21% од тогаш планираните капитални инвестиции. За истиот тој период пак во 2018 година потрошени се околу 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од планираните капитални инвестиции. Во 2018 година за истиот тој период потрошени се 17% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се нешто помалку од 10% од тогаш планираните капитални инвестиции. Во 2019 година, исто така изборна година, беа претседателски избори, во истиот период во првите три месеци 01.01 до 31.03 потрошени се нешто над 18% од планираниот буџетски дефицит и реализирани се околу 7% од планираните капитални инвестиции. Доаѓаме до 2020 година, месеци јануари, февруари, март, период 01.01 заклучно со 31.03, Зоран Заев и СДСМ практично реализираат смислен грабеж трошејќи нешто помалку од 43% од буџетскиот дефицит, а притоа реализирале околу 8,5% од планираните капитални инвестиции.

Замислете во исто така изборна година 2019-та буџетскиот дефицит во првите три месеци, односно тоа се средства помалку собрани од буџетот, отколку потрошени, во периодот јануари, февруари и март, изнесува нешто над 18% , а за истиот тој период во 202 година Зоран Заев и ова раководство на СДСМ водејќи се исклучиво од лукративни мотиви , а со цел да постигнат подобар резултат на предвремените парламентарни избори во услови кога низ светот владее пандемија со Ковид – 19 вирусот извршуваат грабеж на народните пари во буџетот и трошат 43% од буџетскиот дефицит. Односно да бидам попрецизен во првите три месеци СДСМ и владата на Зоран Заев потрошиле 120 милиони евра, народни пари, повеќе отколку што за тој период собрале во Буџетот.

Ако се анализираат трите години наназад 2019,2018 и 2017 ќе може да се забележи дека тој буџетски дефицит во првите три месеци се движи помеѓу 50 и 57 ипол милиони евра. За два ипол пати повеќе е направен грабеж од страна на СДСМ и Зоран Заев на народните пари преку буџетот на Република Македонија, а со една цел обид за поткуп и постигнување подобар резултат на предвремените парламентарни избори кои што требаше да се случат на 12-ти април оваа година.

Само во месец март буџетскиот дефицит во 2020 година потрошиле 50 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот. Ако тоа се спореди со месец март во 2019-тата година кога потрошиле 7 милиони евра повеќе од тоа што собрале во буџетот преставува фантастична бројка од 7 пати повеќе. Или пак ако тоа се спореди со 2018-тата година истиот тој месец март буџетот имал суфицит од 2.65 милиони евра. Или повеќе имало во буџетот собрано отколку што се потрошиле за истиот тој период. Или пак ако анализираме 2017-тата година и месец март тогаш можеме да заклучиме дека во буџетот има суфицит од 2 милиони евра или повеќе биле собрани 2 милиони евра отколку што биле потрошени. Оваа година обидувајќи се да направат масовен поткуп вршат грабеж и трошат само во месец март 50 милиони евра повеќе народни пари, ваши пари од тоа што го собрале во буџетот. А, за целиот период од јануари до месец март цели 120 милиони евра, со што од почетокот на годината го задолжија секое македонско семејство со дополнителни 15.000 денари.

Според Мицкоски уште една лага на Зоран Заев и СДСМ заврши неславно,

Во првите три месеци од фискалната година од буџетската сметка беа сервисирани задолжувања во вредност од околу 308 милиони евра и тоа, 170 милиони евра долг кон доверители од странство, 18 милиони евра долг кон доверители од Македонија, а дополнителни 120 милиони евра кои што ги споменавме беше сервисирање на буџетскиот дефицит, односно за толку помалку собраа од тоа што потрошија во првите три месеци. Зоран Заев ја убедуваше македонската јавност дека долговите ќе ги сервисира со средства кои ќе ги позајми од странски доверители. Ние тогаш велевме дека е потребно ликвидноста да се бара дома, да се ослободат благајничките записи, да се запишат државни обврзници, државни хартии од вредност. Но тогаш тоа беше грубо одбиена и надмено би рекол одбиено од страна на владата на Оливер Спасовски и Зоран Заев. Но каква е реалноста овие 308 милиони евра, 98% се сервисирани од обврски направени и задолжувања заради раздолжување кое што е реализирано на домашниот пазар. А, само 2% се средства кои што се обезбедени како странски заеми. Повторувам и покрај тоа што ја убедуваше македонската јавност, и покрај тоа што примитивно надмено ги одбиваше понудите од страна на ВМРО-ДПМНЕ и препораките дека треба парите да се бараат на домашниот пазар, тој ни велеше дека ќе барал пари надвор од Македонија. Но додека ни велеше дека ќе бара пари надвор од Македонија безмилосно ја задолжуваше Македонија токму внатре и 98% од задолжувањето поради раздолжување го направи во македонскиот домашен пазар. А, само 2% се средства обезбедени како странски заем.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.