Во денешната емисија на ТВ Алфа, гостуваше Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој говореше за неисполнетите ветувања на оваа влада, која ветуваше исто така и зголемување на платата,но за жал граѓаните се сведоци дека платата паѓа.
Реално ако погледнам на проблемот, јас не можам да видам ниту една структурна реформа. Структурна реформа започнува со наративот ќе станеме дел од НАТО и ЕУ и ќе ни појде. Ќе станеме дел од НАТО и ЕУ и ќе дојдат инвестициите. Ќе станеме дел од НАТО, ќе започнеме преговори со ЕУ и ќе се реформира судството, ќе имаме подобро образование, ќе почне Клинички да се гради, нагласи Мицкоски.
Мицкоски додаде дека проектите кои се започнаа од претходната влада, тапкаат во место, не се довршуваат.
Ветија рекорден пораст на просечната плата. Во јануари 2019-тата таа падна за 5%, споредено со декември 2018-тата. А, во февруари според завод за статистика падна дополнително 2%. Што значи дека луѓето ги исплатија дивидендите, ги исплатија бонусите претходната година во 2018-тата затоа што во 2019-тата овие реформисти во владата го качија данокот, истакна Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.