Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното свое обраќање најави повеќе пари за стопaнството, бизнисот и граѓаните ќе има повеќе пари.

Ќе паѓаат даноците, а тоа значи повеќе пари за стопанството и граѓаните. Целосно ќе го напуштиме концептот на прогресивен данок и ќе воведеме рамен данок до 8%. Ќе стартуваме од 10%, од кој за 1% ќе имаме намалување во првите 100 дена, што значи рамен данок од 10 на 9%, а во период од две години уште за дополнителен еден процент ќе дојдеме на 8%. Се обврзуваме за обнова кој ќе донесе нов модел на реиндустриализација. Тоа значи нов економски модел кој ќе биде базиран на модерна реиндустријализација и зголемување на извозната конкурентност на македонската економија. За таа цел планираме:

Да понудиме конкретни мерки за поддршка на домашните компании во нивното технолошко и организациско унапредување;
Изградба на мрежа на извозни промотори за домашните извозни компании и промотори за привлекување на странски директни инвестиции;
Реформа на Македонската Банка за поддршка на развојот во Македонско извозно развојна Банка која ќе обезбеди поволни кредити и извозна поддршка за домашните компании и субвенционирана камата за развој;
Ќе ја редефинираме програмата за странски инвестиции со цел привлекување на компании со најголем потенцијален бенифит за македонската економија, најави тој.
Мицкоски истакна дека се обврзува на обнова која ќе донесе 4 милијарди евра домашни и странски инвестиции за еден мандат, подвлече Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.