Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели статус на својот Фејсбук профил во кој пишува дека за една од многуте лаги на Зоран Заев пристигнал демант.
Мицкоски објави статистички податоци според кои бројот на работниците во индустријата во мај 2019 година е помал од бројот во мај 2018 година, бележиме негативен раст на индустриското производство и рекордно ниско ниво на реализиција на капиталните инвестиции.
На уште една од стотиците лаги на Зоран Заев ѝ пристигна демантот.
Дека на лагата и се кратки нозете говорат следниве факти, имено бројот на работници во индустријата во месец мај 2019 е за 2,5% помал од бројот на работници во индустријата за истиот месец во 2018 година. Истото важи и за бројот на работници во индустријата за периодот од Јануари до Мај 2019 споредено со истиот период во 2018 година, имено во периодот Јануари-Мај 2019 работат во индустријата за 0,6% помалку работници отколку истиот период 2018 година.
Вистината е немилосрдна исто какви што се цунами последиците во македонската економија како резултат на политиките на сега веќе двоецот Заев-Анѓушев.
Истовремено индустриското производство во номинала пораснало во месец Мај 2019 споредено со Мај 2018 година за катастрофални 1,2% што е помалку од инфлацијата во РМ, што значи дека реалниот раст е негативен.
Катастрофата во вториот квартал од 2019 што ја најавивме продолжува со рекордно ниското ниво на реализиција на капиталните инвестиции заклучно со месец Мај 2019 година, 13,74%.
Немаат развоен концепт, немаат визија, нема структурни реформи. Планот на двоецот Заев-Анѓушев е во две генерални точки: прво, целосна окупација на министерството за финансии и второ, концепт на зголемување на задолжувањето на државата на рекордно ниво од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП (околу 1.500.000.000 $) не за капитални инвестиции и развој туку за социјални трансфери, плати и пензии, мислејќи дека на тој начин ќе тргуваат со симпатиите на гласачите и ќе ги добијат следните парламентарни избори, истовремено потценувајќи ја колективната меморија на граѓаните за сите недела, лаги, криминал и корупција изминатиов период. Едноставно, криминалниот ум не се менува…
Доаѓа крајот на оваа антибизнис и антиреформска влада, доаѓа крајот на криминалот, корупцијата, уцените и притисоците. Новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ го враќа рамниот данок, поголеми плати и пензии врз основа на зголемена продуктивност и економска активност на компаниите и носи историски план за економски силен развој на Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.