Мора да се посвети поголемо внимание на занаетите кои мора да ја добијат поддршката од државата, изјави Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО ДПМНЕ кој имаше средба со Регионалната занаетчиска комора со седиште во Охрид.
Ја посетив домашната компанија ‘Екошпар’ која обезбедува егзистенција за 30 семејства. Мора да се посвети поголемо внимание на занаетите кои мора да ја добијат поддршката од државата. Затоа предвидуваме поддршка за домашни и странски компании што ќе обезбеди инвестиции во висина од 4 милијарди евра, воведување и намалување на рамниот данок од 10 на 8%, и силен инфраструктурен бум за поголем економски развој. Тоа значи 2 милијарди евра за нови патишта и инвестиции за нов асфалт од 1000 км регионални патишта. Обновата на Македонија ќе значи повеќе за секого, надеж за која вреди да се бориме, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.