Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на партијата Христијан Мицкоски оствари средба со претставници на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
На средбата биле презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ во поглед на актуелната економска ситуација, како и влошените услови за организирање и водење бизнис. Мицкоски посочил дека ВМРО-ДПМНЕ има отворен однос кон стопанствениците и се залага за нивна поддршка во насока на олеснување на условите и подобрување на водењето на бизнис. Претседателот на партијата истакнал дека поради немање вистинска волја на државата за напредок во информатичката област, Македонија располага со огромен неискористен потенцијал и изразил загриженост поради надолниот тренд во економијата, големите бирократски процедури, и отежнатите услови за водење бизнис.
Било костатирано дека потребна е поголема отвореност на владата и разбирање на потребите на бизнис-заедницата. Зголемувањето на даноците директно ќе се одразат негативно на македонските компании, како и воведувањето на данокот на реинвестирана добивка кој ќе ги дестимулира стопанствениците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.