Можни се три сценарија за македонската економија и сите завршуваат со огромно зголемување на јавниот долг, анализира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Фејсбук.
Според него, добро е што владата делумно ги прифати мерките од уредбата што ја предложивме, но потребно е уште повеќе, да не се бара од корисниците да ја вратат помошта од државата, релаксирање на фискалната политика и државна помош и за месец март за работниците и компаниите.
Не се согласувам со кронизмот, профитерски да се ќарува преку зголемување на акцизата на горивата, што ќе донесе покачување на продуктите потребни за граѓаните-објаснува Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.