Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното интервју за Сител телевизија, истакна дека владата мора да прифати економски мерки за да се спасат бизнисите, вработените да ја задржат работата, и да се покрие дупката што ќе настане во буџетот, за да може истиот да ја задржи ликвидноста.
Тој апелираше кампањата за купување на македонски производи сите да ја поддржат како и медиумите, вели дека можеби навидум истата делува скромно, но би имало огромен ефект.
Нашите мерки се робусни и се темелат на два столба. Првиот е како да го спасиме бизнисот со вработените, и втората е како да го спасиме буџетот да остане ликвиден и за двете работи ни требаат пари и треба да го направиме час поскоро, не треба да чекаме, секој ден дополнителна камата ќе плаќаат граѓаните, тоа нема да го плаќа СДСМ и Заев, ќе ги плаќаат граѓаните. Затоа апелираме веќе осум дена да се направи економски тим, да позајмиме пари и тие пари да ги импутираме. Да ние апсолутно сме за задолжување, но не безусловно.Ги предложивме заменик техничкиот министер Гордана Димитреска Кочоска и професорот Трајко Славески да бидат дел од тој тим којшто оперативно ќе ги спроведува задолжувањата и ќе врши надзор како се трошат тие пари и дали стигаат до оние коишто се најпогодени – вели Мицкоски во интервјуто за Сител телевизија.
Тој исто така истакна дека за да можат бизнисите и сопствениците на бизнисите да почувствуваат некаков ефект веднаш треба државата да приспапи кон сносење на 50% од трошоците за вработените и за платите и за придонесите.
Да почувствуваат бизнисите дека некој застанал рамо до рамо со нив. Да се замрзне од платата на рати кон банките и заемодавателите и тоа е добро и за банките, затоа што ќе немаат резервации, но не ретроградно туку замрзнување – истакна тој.
Нагласи дека потребно е веднаш робусна акција од страна на владата, потребно е веднаш да се сервираат штетите во буџетот коишто ќе настанат поради намалениот приход од данокот на додадена вредност бидејќи потрошувачката е намалена, граѓаните нема да трошат уште долго време и таа дупка мора да се надомести повторно од пари од заем, истакна тој.
Целото интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Сител ќе го емитува во вестите во 19 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.