Луѓето немаат доверба во тие луѓе, што не ветија, тргнете од најелементарното, тргнете од оние неисполнети ветувања на земјоделците дека ќе имале загарантиран откуп, повисоки субвенции, помош и поддршка, прошетајте низ Македонија да видите што се случува со луѓето, ова вечерва во „Отвореното студио на Алфа“ го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Поминавме преку 10 илјади километри во Македонија од Ресен каде оние луѓе ги фрлаат јаболките бидејќи нема кој да ги откупи ниту за еден денар, преку полни амбари со ориз во Кочани, па преку Малешевијата и сливите и Росоман со праските, буквално секаде, ние немаме еден човек кој ќе ви каже дека е задоволен од оваа власт. Сега оној министер со новите патики од Дубаи три дена пред избори ќе даде субвенции и ќе мисли дека ќе ги купи гласовите на земјоделците, додава Мицкоски.
Тој додава дека со ова министерот за земјоделие ги потценува и навредува земјоделците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.