Никој одамна не ги слушнал маките и проблемите на граѓаните. Ние поинаку функционираме со оваа турнеја низ Македонија. Досега имаме слушнато повеќе од 10.000 проблеми на граѓаните. Најголем проблем овде во Ресен е откупот и пласманот на јаболкото, доцнењето на субвенциите, ветените, неисполнети очекувања, доцнење на исплата на штетите, иселување на младите е акутен проблем на Ресенчани. Тешкиот живот, беспарица, безработица се дел од проблемите. Има и специфчни проблеми кои ќе бидат опфатени со програмата на ВМРО ДПМНЕ. Ние сме народна партија и се обидуваме да промовираме чесност – порача од Ресен, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.