Вечерва во „Клик Плус“ лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоскизборуваше за најавената енергетска криза, за која Мицкоски кажа дека ја предупредувал и знаел дека ќе се случи.
„Се сеќавате пред четири години цела кампања имаше за враќање на ефтината тарифа, еве сега сме пред енергетски колапс, и не само што ќе плаќаме поскапа струја, најразлични балони слушаме за зголемувањата. Од регулторна велат дека ќе биде 40%. Струја ќе има, колку пари ќе чини“, рече Мицкоски.
Тој кажа дека во соседството сликата е сосема поинаква.
„Погледнете го Вучиќ пред некој ден излезе и вели во соседството продадовме струја по 400 евра мегаватчас, а нас што не чини 50, и тоа ни е вишок. И Бугарија е исто, ама луѓето си произведуваат колку им треба, затоа што им беа полни акумулациите, затоа што на греда имаа јаглен за да произведуваат струја. Ние уште во април-мај предупредувме, но тогаш велеа „Христијан лупета глупости!“. За да гледаме дека денеска ова е тема, и на крај граѓаните ќе го платат. Ајде баш да видам на кој начин ќе дојдат до 10% покачување“, вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.