Во парламнтот ќе иницираме предлог закон за тутунот, односно да не се купува од надвор се додека не биде откупеено последното ливче од македонските производители, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на Битoла.
Според него не смее да има увоз се додека не се откупи од домашните производители.
Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ од пелагонискиот регион имаа една прес конференција на која информираа дека ќе иницираме предлог закон во парламентот со кој ќе се забрани увоз на тутун се додека и последното ливче тутун од македонските производители не биде откупено“, рече Мицкоски.
Мицкоски кажа дека има информации за злоупотреби при откупот.
Ги повикувам и луѓето од земјоделскиот инспекторат да ги посетат откупните центри и да го видат однесувањето на откупувачите и да поразговараат со луѓето кои го продаваат тутунот бидејќи има индиции за големи злоупотреби“, посочи Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.