Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Заспиј ако можеш“ на телевизија „Алфа“, потенцираше дека со доаѓање на владата на ВМРО-ДПМНЕ три нови големи инвестиции, од кои во едната ќе се вреднуваат 1.000 македонски инженери.

Јас често зборувам за поинаков пристап во финансискиот сектор, сериозна индустрија во делот на композитните материјали и она кое што го зборувам цело време развојно истражувачките центри и ценам дека на тој начин треба да се комплетно реструктуира пристапот односно онаа коалиција која што треба во иднина да функционира, а тоа е помеѓу бизнис заедницата, образованието тука пред се мислам на средното и високото образование и владата. Владата треба да биде како би рекол, судија во сето ова и да ги наведува сите овие работи. Зошто? Затоа што имате компании во светот со кој што лично сум разговарал, кој што сакаат да дојдат во Македонија да отворат развојно истражувачките центри во кои што ќе работат минимум 1.000 инжинери, дури може и повеќе. Различни хемиски, машински, електро, процесно, компјутерски и секој од нив да биде добро платен, кога зборувам добро платен за македонски услови солидно платен, по 2.500, по 3.000 евра да имаат нето плата, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.