Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска оствари средба со претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски. Мицкоски упати благодарност до претседателот на Македонско-турската стопанска комора за можноста опозицијата да ги претстави политиките и проектите кои што планира да ги реализира како идна влада во Македонија.
За нас е исклучително важна оваа средба бидејќи според тоа што знае македонската јавност, или па можеби сè уште не знае, факт е дека компаниите што се дел од оваа стопанска комора имаат повеќе од 2 милијарди евра инвестициии, повеќе од 10.000 вработени практично се дел од компаниите што се дел од Македонско-турската стопанска комора. Факт кој сам по себе е импозантен, факт кој сам по себе значи многу – изјави Мицкоски.
Тој додаде дека заложбата на ВМРО ДПМНЕ е односите на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со сите стопански комори, вклучувајќи ја стопанската комора помеѓу Македонија и Турција, да се продлабочуваат, да се интензивираат и зошто да не зборуваме за двоцифрени бројки на инвестиции на вложувачи од страна на Турција овде, во Република Македонија и зошто да не зборуваме за 2 до 3 пати повеќе вработени коишто ќе работат во компаниите што се дел од оваа бизнис-асоцијација.
Навистина за мене претставува чест и задоволство што ќе можам денеска да разговарам со искусни претприемачи, бизнисмени, луѓе коишто оставиле забележителна трага на економијата во Македонија. Нешто да слушнеме, дел од тоа што ќе го слушнеме очекуваме да биде дел од нашата програма исто како што слушавме од другите стопански комори каде што, како што кажа и претседателот Ајдован, очекувам плодна и навистина квалитетна средба денеска на состанокот – вели Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.