Според Мицкоски државата влегува во должничко сценарио предизвикано од економското цунами што го урива животниот стандард на граѓаните и како што рече, со најновата бројка која што денеска ДЗС ја објави, а се однесува на бруто растот, со падот на БДП влегуваме во рецесија.
-Јавниот долг е зголемен од доаѓањето на оваа власт. Од третиот квартал во 2017 година заклучно со вториот квартал во 2020 за една милијарда и 740 милиони евра или вкупно 11,8 отсто. Државниот долг пак од 2017 заклучно со вториот квартал во 2020 е зголемен од три милијарди 958 милиони на пет милијарди 561 милион. Тоа се цели 1,6 милијарди евра или тоа е за 11,3 отсто. Извозот само во јули месец е намален за цели 7,8 отсто во однос на јули месец 2019. А, пак за периодот јануари до 31 јули е намален за цели 20 отсто споредено со истиот период во 2019… Ако според економската логика на мафијата наследиле – 1,8 отсто, зголемување на БДП и споредувајќи го со бројката од четвртиот квартал во 2019 дека растот бил 3,1 отсто, па велеа дека од – осум го зголемиле на 3,1 отсто денеска според истата таа логика на мафијашите од мафијата БДП кој што го наследија од – 0,8 отсто го намалија на историски – 12,7 отсто, оцени Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.