Штотуку заврши средбата со неколку здруженија на тутунарите во Прилеп и прилепско, разговаравме за актуелната состојба и за тешката реалност која тие и нивните семејства ја живеат, објави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тој посочува неколку факти на оваа тема.
Оваа година родот на тутунот во Македонија е нешто помал од родот во 2019 година. Ако тогаш просечна цена беше околу 220 денари, денеска според институциите таа е 159 денари, а од она кое што денеска го слушнав од тутунопроизводителите, цената е за 10 денари помала, односно 150 денари е просечно исплатената цена.Се обврзав како Претседател на најголемата политичка партија да застанам позади барањата на тутунопроизводителите и тутунарите, да го вратиме она коешто на нив сега им е скратено, во првата прилика кога ќе може ВМРО-ДПМНЕ да управува со институциите и со владата.
Истовремено иницираме враќање на старото законско решение за тутунот и се разбира да застанеме позади барањата на тутунопроизводителите, а тоа е чесна откупна цена и вистинска проценка на тутунот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.