За само две и пол години успеавме да срушиме власт која беше ја окупирала и Македонија која што беше ги окупирала во франги на нашата држава, а за помалку од 10 дена од денеска сите ние ќе имаме шанса на 15 јули за каква држава сонуваме и во каква држава сакаме да живееме ние, нашите семејства, нашите потомци но истовремено да ги направиме горди нашите предци за сето она кое што го дале за нашата држава. За помалку од две недели од денеска ние ќе имаме можност дали сакаме на таа наша попатна раскрсница да завртиме лево и да го избереме криминалот, корупцијата или да одиме десно и да ја избереме честа и честитоста. Дали сакаме да избереме лево понижувања, обесправеност или гордост и исправена кичма. Дали сакаме да избереме неколку пати аболирани политичари, луѓе кои се од времето на транзицијата присутни на македонската политичка сцена, потрошени и буквално луѓе од кои не можеш да очекуваш ништо друго освен дополнително да ја парчат и распарчуваат нашата татковина. Или десно тоа се луѓе кои се млади , амбициозни, луѓе мотивирани, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното негово обраќање во општина Илинден.

Мицкоски во своето обраќање рече дека е сигурен уште од првата средба од Охрид , а потоа и секаде низ Македонија каде се чувствувала поддршката од народот затоа што народот се ослободил, народот е одлучен и е решителен овие избори на 15 јули да го заокружи реден број 14 за историски најголема победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалиција За обнова на Македонија.

Ова раководство на СДСМ ќе дојдат овде, ќе ве погледнат и со раката на срце ќе ја свртат главата на лево или на десно. Ќе слушате за жицата, за семето и така натаму, а она што најмногу ќе го слушате е некоја нова лага. Сега веќе нема 30 000 просечна плата, сега веќе 34 000 денари е просечната плата и ќе дојдат овде пред вас и ќе ја повторуваат таа лага дека можеле. Јас би се согласил дека можеа но, тоа е минато завршено време кое никогаш нема да се повтори затоа што на 15 јули тие ќе заминат заедно со нивното тешко, мачно, политичко мочуриште на темната страна на историјата, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот Мицкоски посочи дека доаѓаат нови луѓе кои се подготвени да си ја кренат Македонија од пепел.

Едно можам да се сложам со нив дека можеа, да можеа да направат многу подостоинствено место за живеење, да можеа да направат многу подобри услови за живот наместо да ги договараат тендерите во четири очи, а се знае после договорот и исплатата следува арачот и се исплаќа на сите вам познатото место во еден ресторан во југоисточна Македонија по принципот евро за батето, евро за нешто друго. Отприлика таква е нивната филозофија на функционирање и таа непроменлива, таа е константа уште од независноста на Македонија, потсети тој.

Мицкоски во своето гостување укажа и на правосудниот систем кој е целосно заробен од власта за да можат да обелат некој дел од минатите нивни владеења.

И ова раководство на СДСМ предводено од Зоран Заев се движеше на повој начин, но за разлика од претходните влади од СДСМ ова ги обедини, ги прошири и надгради сите овие понижувачки и криминални политики од минатото. Овие ги усовршија, буквално докторираа на криминалот и корупцијата, вели Мицкоски.

Тој во своето обраќање посочи дека му се случи да ја вида 30 месеци Пелагонија неожнеана, му се случи да ги види од Росаман оние честити земјоделци луѓето кои и кајсијата и праската по улица ги истурија, слично се случи и во Пијанец и Малешевијата со производството на сливи. Имено Мицкоски кажа и за познатото Муртино каде многу домакини имав можност да ги запознаам и прашам посочиле дека тежок е животот затоа што зелката останала на нивата, доматот, краставицата, пиперката и нема кој да ја купи.

Затоа ние го нудиме Проектот Обнова. Таму ќе најдете најнизок данок во светот, рамен данок од 8% потоа 0 данок за секој оној кој што ќе вработи лице во 29 години, намелен данок на додаден вредност, намален данок за хотелиерите од 18 на 10%,ослободена студенстка партиципација, стапна на невработеност под 10% во еден 4 годишен мандат и уште многу други проекти кои идната влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира во својот четиригодишен мандат за подобар живот и стандарт на сите граѓани, додаде Мицкоски.

Обновата ќе донесе проекти кои ќе го подобрат животниот стандард на сите граѓани.Се обврзуваме на високи и стабилни…

Gepostet von Hristijan Mickoski am Samstag, 4. Juli 2020



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.