Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција, која е рецензија на измамите во економијата на Зоран Заев и СДСМ, кажа дека економската политика е катастрофална и дека државата оди во погрешен правец. Според Мицкоски годината која ја најавуваа за економска е впрочен најтешката и најсиромашната за живот.
Мицкоски денес ја разобличи една од најголемите лаги Зоран Заев и СДСМ во економска гледна точка, а тоа е најавените 5% раст на БДП. Од денот кога се избрани заклучно со третиот квартал, тоа не е ни половина, односно не е ни 2.5%, истакна Мицкоски.
Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која како што кажа имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната.
Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот, кажа Мицкоски.
Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, рече тој и потенцира дека во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%, со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година.
Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата. Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.
Во однос на даночната политика Мицкоски потсети на пиши бриши политиката, кога се зголемува, па повторно се намалуваа даноците. Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа.
Најголемата лага според Мицкоски е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи. Наспротив ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7%.
Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7% поголем од буџетот за оваа година, а кој буџет не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.
Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јануари – ноември имаме за цели 23.7% помал од планираниот, односно за 20% од тој кој бил собран во 2018 година.
Мицкоски кажа дека тоа што денес Заев ќе го зборува, дека блескаме е всушност еден судир во една слепа улица кон која Зоран Заев ја турка и ја води Македонија.
Надежта не смее да се губи вели Мицкоски бидејќи најдобрите денови за Македонија и македонската економија допрва доаѓаат, а тие доаѓаат со програмата за обнова на Македонија, во која ќе има предвидено оданочување соодветно на потребите на стопанството и повеќе капитални инвестиции. За сето тоа да се реализира ќе има бескомпромисна борба со корупцијата и криминалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.