Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, рече дека за разлика од СДСМ, нема да критикува кога нешто се гради и го поздрави почетокот на изградбата на топлификациона мрежа во битолскиот регион. Вели жали само што овој проект е одобрен во 2017 година и дека досега требаше да биде изграден, а не четири години да седи во фиока.
Топлификација на Битола, Могила и Новаци.
⁃ Склучен е договор за заем со KfW банка.
⁃ На 19.6.2017 објавен е тендер…
⁃ На 31.7.2017 пристигнати се понуди…
За разлика од СДСМ јас нема да критикувам кога нешто се гради и да велам дека е тоа проект на ВМРО-ДПМНЕ. Напротив, ќе го пофалам почетокот на изградбата на системот за топлификација на Битола, Могила и Новаци, кој ќе користи топлинска енергија од РЕК Битола, проект на кој макотрпно се работеше уште од времето кога управував со ЕЛЕМ. Жалам што повеќе од четири години овој проект беше во фиока, а досега требаше да биде изграден. Доаѓаат подобри времиња, доаѓа новата иднина, порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.